Лајон Соња Бојаџиева е родена во Скопје, каде завршува основно и средно медицинско образование во МУЦ Др. Панче Караѓозов.Во 1994год завршува медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со просек 9,12. Во 1996год се вработува на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, а во 2001год завршува со специјализацијата по педијатрија и од тогаш работи на одделот за гастроентерохепатологија. Во 2003та год станува Магистер, а во 2013год, по одбранувањето на својата докторска дезертација, се стекнува со звањето Примариус. Во 2015та год е избрана за Доцент по предметот Педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје, а истата година станува и шеф на Одделение за гастроентерологија.Истата година завршува и субспецијализација и се стекнува со звањето Педијатриски гастроентерохепатолог. Во досегашната кариера има издадено преку 100 научни трудови од областа на медицината и педијатријата во национални и меѓународни, реномирани списанија. Исто така, таа е и активно вклучена во неколку проекти со предавања за здравствено просветлување на населението, превања од областа на исхраната, доење, превенција и третман на акутни ентероколити во детската возраст и е член на ЕСЕ ЕЅЕ (Еднаквост, асоцијација и еманципација на жените), сектор здравство.   ЛАЈОНИЗАМ  Лајон станува во 2007та год, со формирањето на Клубот Скопје Алфа. Својата лајонистичка мисија ја започнуав прво како член на клуб, за потоа да стане координатор на сервисот за деца, за само 3 години, во 2010та год. Од тогаш учествува и одржува многу активности и едукации, за слепи,за хендикепирани лица и за нивните родители, учествува редовно во хуманитарни активности за помош на социјално ранливите категории на граѓани. Исто така, учествува и во проектот за изградба и опремување на игротека во Клиника за детски болести со грант кој е добиен од ЛКИ Фондовите (LCIF), а со играчки донација од Лајонс Дистрикт 132 Македонија. Од 2011 до 2014 е GMT Координатор,во време кога Дистриктот го добива својот 1000ти член. Во 2014год станува претседател на матичниот клуб Алфа и во нејзиниот претседателски мандат се реализирани повеќе од 150 акции, како и збратимување со ЛК ПОградец и ЛК Измир. Таа е исто така и гајдинг Лајон и организатор на 10 клуба (ЛК Велес, ЛК Хипократ, ЛК Медицинар, ЛК Зограф, ЛК Спиритус, ЛК При Фајтерс, ЛК Крушево, ЛК Тетово, ЛК Кавадарци и ЛК Орел од Тирана, учестувавала и во создавањето на уште 5 други клубови.  ЛАЈОНС ПОЗИЦИИ Charter member во ЛК Алфа 2007, Координатор за Children service во Дистрикт 132 МК 2008-2011, GMT Координатор 2011-2014, Претседател на ЛК Алфа 2013/2014, Координатор на Лео Скопје 2014-2016, Региски претседател 2014-2016, Втор Вице Гувернер 2016-2017, Прв Вице Гувернер 2017/2018  ЛАЈОНС ЕДУКАЦИИ Успешно го завршува National Faculty Development Institute, организиран од дистрикт кабинетот на ЛД132МК, по што станува Лајон тренер и член на Лидершип институтот 2012;  Учествува на Central and Easter European Conference 2014;  Certificate Advance Lions Leadership Institute во Софија 2016;  Europa Forum 2017 во Монтро, Швајцарија
Лајон Соња Бојаџиева е родена во Скопје, каде завршува основно и средно медицинско образование во МУЦ Др. Панче Караѓозов.Во 1994год завршува медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со просек 9,12. Во 1996год се вработува на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, а во 2001год завршува со специјализацијата по педијатрија и од тогаш работи на одделот за гастроентерохепатологија. Во 2003та год станува Магистер, а во 2013год, по одбранувањето на својата докторска дезертација, се стекнува со звањето Примариус. Во 2015та год е избрана за Доцент по предметот Педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје, а истата година станува и шеф на Одделение за гастроентерологија.Истата година завршува и субспецијализација и се стекнува со звањето Педијатриски гастроентерохепатолог. Во досегашната кариера има издадено преку 100 научни трудови од областа на медицината и педијатријата во национални и меѓународни, реномирани списанија.
Исто така, таа е и активно вклучена во неколку проекти со предавања за здравствено просветлување на населението, превања од областа на исхраната, доење, превенција и третман на акутни ентероколити во детската возраст и е член на ЕСЕ ЕЅЕ (Еднаквост, асоцијација и еманципација на жените), сектор здравство. 
 
ЛАЈОНИЗАМ 
Лајон станува во 2007та год, со формирањето на Клубот Скопје Алфа. Својата лајонистичка мисија ја започнуав прво како член на клуб, за потоа да стане координатор на сервисот за деца, за само 3 години, во 2010та год. Од тогаш учествува и одржува многу активности и едукации, за слепи,за хендикепирани лица и за нивните родители, учествува редовно во хуманитарни активности за помош на социјално ранливите категории на граѓани. Исто така, учествува и во проектот за изградба и опремување на игротека во Клиника за детски болести со грант кој е добиен од ЛКИ Фондовите (LCIF), а со играчки донација од Лајонс Дистрикт 132 Македонија. Од 2011 до 2014 е GMT Координатор,во време кога Дистриктот го добива својот 1000ти член. Во 2014год станува претседател на матичниот клуб Алфа и во нејзиниот претседателски мандат се реализирани повеќе од 150 акции, како и збратимување со ЛК ПОградец и ЛК Измир.
Таа е исто така и гајдинг Лајон и организатор на 10 клуба (ЛК Велес, ЛК Хипократ, ЛК Медицинар, ЛК Зограф, ЛК Спиритус, ЛК При Фајтерс, ЛК Крушево, ЛК Тетово, ЛК Кавадарци и ЛК Орел од Тирана, учестувавала и во создавањето на уште 5 други клубови.
 
ЛАЈОНС ПОЗИЦИИ
Charter member во ЛК Алфа 2007, Координатор за Children service во Дистрикт 132 МК 2008-2011, GMT Координатор 2011-2014, Претседател на ЛК Алфа 2013/2014, Координатор на Лео Скопје 2014-2016, Региски претседател 2014-2016, Втор Вице Гувернер 2016-2017, Прв Вице Гувернер 2017/2018
 
ЛАЈОНС ЕДУКАЦИИ
Успешно го завршува National Faculty Development Institute, организиран од дистрикт кабинетот на ЛД132МК, по што станува Лајон тренер и член на Лидершип институтот 2012; 
Учествува на Central and Easter European Conference 2014; 
Certificate Advance Lions Leadership Institute во Софија 2016; 
Europa Forum 2017 во Монтро, Швајцарија 
 
 
Lions Clubs International News
Connect with Us Online